Mutlu Demirtaştan
03 Октомври 2018•Ажурирај: 04 Октомври 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Во второто коло од европското најпрестижно клупско натпреварување во фудбал, Лигата на шампионите, се одиграа 8 натпревари во групите Е, Ф, Г и Х, пренесува Anadolu Agency (AA).
Екипата на Реал Мадрид, која последните три години е победник во ова престижно натпреварување, синоќа, како гостин во Москва претрпе пораз од ЦСКА со резултат 0:1. Погодокот на ЦСКА го постигна Никола Власиќ во 2. минута од натпреварот.
Во вториот натпревар од групата Г, италијанскиот претставник Рома го победи чешкиот претставник Викторија П’лзењ со резултат 5:0. Босанскиот интернационалец Един Џеко постигна хет-трик за Рома, со погодоците во 3, 40 и 90+2 минута. Турскиот интернационалец Џенгиз Ундер во 64. минута и Холанѓанецот Џастин Клајверт во 73. минута постигнаа по еден погодок за Рома.
Италијанскиот претставник Јувентус, во групата Х се сретна со швајцарската екипа Јанг Бојс. Јувентус извојува победа од 3:0 со хек-трик погодоците на Аргентинецот Пауло Дибала во 5, 33 и 69. минута од натпреварот.
Резултати од натпреварите во второто коло на Лигата на шампиони во групите Е,Ф, Г и Х.
Група Е:
АЕК - Бенфика 2 : 3
Баерн Минхен - Ајакс 1 : 1
Група Ф:
Олимпик Лион - Шахтјор Донецк 2 : 2
Хофенхајм - Манчестер Сити 1 : 2
Група Г:
ЦСКА Москва - Реал Мадрид 1 : 0
Рома - Викторија П’лзењ 5 : 0
Група Х:
Манчестер Јунајтед - Валенсија 0 : 0
Јувентус - Јанг Бојс 3 : 0