Yunus Kaymaz
14 Октомври 2018•Ажурирај: 15 Октомври 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Синоќа се одиграа 9 натпревари со што заврши 3. коло од УЕФА Лигата на нации, јавува Anadolu Agency (AA).
Според новиот распоред на одигрување на репрезентативните натпревари од УЕФА Лигата на нации, синоќа се одиграа 9 натпревари во групите А, Б, Ц и Д.

На стадионот „Јохан Кројф“, репрезентацијата на Холандија во групата А ја пречека Германија. Домаќинот извојува победа над Германија од 3:0 со погодоците на Вирџил ван Дајк, Мемфис Депај и Џорџино Вајналдум.
Резултати од синоќешните натпревари:
Лига А
Група 1: Холандија - Германија 3:0
Лига Б
Група 1: Словачка - Чешка 1:2
Група 4: Република Ирска - Данска 0:0
Лига Ц
Група 3: Норвешка - Словенија 1:0
Бугарија - Кипар (грчки дел) 2:1
Лига Д
Група 1: Летонија - Казахстан 1:1
Грузија - Андора 3:0
Група 4: Ерменија - Гибралтар
Македонија - Лихтенштајн 4:1