Erbil Başay
13 Март 2016•Ажурирај: 14 Март 2016
БЕРЛИН (АА) - Во три сојузни покраини во Германија денес се одржуваат парламентарни избори а се очекува дека резултатите од изборите ќе влијаат на политиката не само на локално, туку и на федерално ниво, јавува Anadolu Agency (AA).
Околу 13 милиони лица се очекува да гласаат во покраините Баден-Вуртемберг, Рајнска област-Пфалц и Сачсен-Анхалт.
Ова се први избори од овие размери во Германија, откако Европа ја зафати мигрантската криза. На тој начин, тие ќе бидат испит за бегалската политика на канцеларката Ангела Меркел.
Во преизборните кампањи најмногу се говореше за бегалската и безбедносна политика.
Минатогодишната политика на Меркел за отворени врати за бегалците, предизвика негодување кај многумина локални политичари.
Политиката за бегалците која ја води канцеларката Меркел ја критикуваа и одредени членови на Партијата за христијанско демократско единство (CDU), чиј лидер е таа, но за тоа не се зборува многу во јавноста.
Од друга страна, Партијата за христијанско социјално единство (CSU) отворено се спротивстави на политиката на Меркел, а одредени членови на таа партија, кои често се жалеа на политиката на Меркел, се закануваа со одење на Уставен суд.
Наспроти тоа, претставниците на одредени партии пак го фалат пристапот на Меркел.
Сепак, се очекува радикалната десничарска партија Алтернатива за Германија (AFD) да забележи добри резултати на изборите и дека во сите три покраини ќе освои одреден број места во Собранието.
Според предизборните анкети, Партијата за христијанско демократско единство (CDU) и Социјалдемократската партија (SDP) би можело значително да ги изгубат гласовите. Од друга страна, пак, Алтернатива за Германија (AFD) во Баден-Виртемберг и Рајнската област-Пфалц би освоила десет отсто од гласовите, а во покраината Саксонија-Анхалт 18 отсто. Социјалдемократската партија (SDP) пак би можела да изгуби голем број гласови во покраините Саксонија-Анхалт и Баден-Виртемберг.
Напредокот на Алтернатива за Германија (AFD) и падот на поедини партии би можело да ги отежне обидите за формирање на власта во покраините.
Многубројни невладини организации ги повикаа граѓаните да го искористат своето право на глас и да излезат на изборите.