Dejan Maksimoviç
03 Март 2018•Ажурирај: 04 Март 2018
САРАЕВО (AA) – Сабит Хаџиќ, поранешен кошаркар, а потоа и успешен тренер почина во болница во Анталија во 60. година од последиците на мозочен удар, кој го претрпе пред дваесеттина дена, пренесува Anadolu Agency (AA).
Лекарите се бореа за живот од средина на февруари, но за жал не успеаја.
Хаџиќ ќе остане запаментен како човек кој четири пати како селектор ја предводеше кошаркарската репрезентација на БиХ на европските првенства.
Прв пат тоа беше 1997. година во Шпанија, потоа 1999 година во Франција, па две години подоцна во Турција и на крајот 2011 година во Литванија, во текот на својот втор мандат на клупата на босанско-херцеговскиот тим.
Целата играчка кариера Хаџиќ ја помина во сараевскиот клуб „Босна" со кој 1979. година ја освои титулата на клубски шампион на Европа. Со репрезентацијата на поранешна СФР Југославија освои бронзен медал на Летните олимписки игри во Лос Анџелес 1984. година.
Од Хаџиќ се простија и од Кошаркарксиот сојуз на БиХ, кој на официјалната интернет страница, го упатија последниот поздрав на поранешниот селектор кој утрово ја загуби битката со тешката болест.
Хаџиќ е роден на 7. август на 1957 година во Сараево.