Abdulkadir Karakaya
06 Јануари 2021•Ажурирај: 08 Јануари 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Три лица во англискиот премиерлигаш, Манчестер Сити, се заразени со новиот вид коронавирус (Ковид-19), од кои двајца се фудбалери, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на клубот, голманот Скот Карсон, фудбалерот Коул Палмер како и еден вработен во клубот, се позитивни на вирусот.
Во согласност со протоколите, тие ќе бидат во карантин.
Претходно, фудбалерите Габриел Жесус, Кајл Волкер и Ерик Гарсија, како и тројца вработени во клубот беа заразени со Ковид-19.