Doğa Kırmızıoğlu
19 Март 2021•Ажурирај: 20 Март 2021
АНКАРА (АА) - Познати се екипите што ќе се сретнат во четвртфиналето и полуфиналето на УЕФА Лига Европа во сезоната 2021, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Денеска во седиштето на УЕФА во швајцарскиот град Нион се извлечени паровите од четвртфиналето и полуфиналето на УЕФА Лига Европа, второто по важност фудбалско клупско натпреварување во Европа.
Првите 8 натпревари од четвртфиналето ќе се играат на 8 април, додека реванш-средбите се закажани за 15 април. Првите полуфинални средби се закажани за 29 април, додека реванш-средбите ќе се играат на 6 мај.
Извлекувањето на паровите во седиштето на УЕФА во Нион го изврши францускиот фудбалер Гаел Клиши. На ова извлекување не беше применето правилото спречување екипи од иста држава да играат меѓусебно.
Денеска во Нион се извлечени следните парови од четвртфиналето и полуфиналето на УЕФА Лига Европа:
- Четвртфинале
Гранада - Манчестер Јунајтед
Арсенал - Славија Прага
Ајакс - Рома
Динамо Загреб - Виљареал
- Полуфинале
Гранада - Манчестер Јунајтед / Ајакс - Рома
Динамо Загреб - Виљареал / Арсенал - Славија Прага