Abdullah Tevge
19 Март 2021•Ажурирај: 20 Март 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Денеска се извлечени паровите од четвртфиналето и полуфиналето на најпрестижното фудбалско клупско натпреварување во Европа, УЕФА Лигата на шампиони, јавува Агенција Анадолија (АА).
Денеска во седиштето на УЕФА во швајцарскиот град Нион се одржа извлекувањето на кое, заради превенција од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид/19), не присуствуваа делегатите на клубовите.
На извлекувањето на кое учествуваше Хамит Алтинтоп, поранешниот турски фудбалски интернационалец и член на Управниот одбор на Турската фудбалска федерација, за натпреварите од четвртфиналето и полуфиналето извлечени се следните парови:
- Четвртфинале -
Манчестер Сити - Борусија Дортмунд
Порто - Челси
Баерн Минхен - Париз Сен Жермен
Реал Мадрид - Ливерпул
- Полуфинале -
Баерн Минхен - Париз Сен Жермен / Манчестер Сити - Борусија Дортмунд
Реал Мадрид - Ливерпул / Порто - Челси
- Финале во Истанбул -
Натпреварите од четвртфиналето во УЕФА Лигата на шампиони се закажани за 6-7 и 13-14 април.
Полуфиналните средби ќе се играат на 27-28 и 4-5 мај.
Финалето на УЕФА Лигата на шампиони 2021 ќе се игра во Истанбул, на Олимпискиот стадион „Ататурк“ на 29 мај (сабота).