Abdel Nasser Sayed,Gülşen Topçu
05 Октомври 2019•Ажурирај: 08 Октомври 2019
РИЈАД (AA) - Првата Женска фудбалска лига почна во петокот во Саудиска Арабија, под покровителство на Саудиската федерација за спорт и заедници, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Хаитам ал Омари, од Организацискиот одбор на Женската фудбалска лига во Џеда, рече дека во оваа лига засега учество ќе земат шест женски клубови, а тоа се Сторм, Џеда Иглс, Кинг Јунајтед, Ал Леит ал Абјад, Џеда Вејв и Мерас - сите од Џеда“, пишува саудискиот весник „Оказ“ (Okaz).
Натпреварите ќе се играат до 6 декември оваа година, а во секое коло ќе се играат по три натпревари, сите на стадионот „Мурџан“ во Џеда.
Во севкупната организација на лигата вклучени се жени, од судење па до медицински тим.