Bakir Tiro
12 Март 2020•Ажурирај: 13 Март 2020
РИМ (АА) - Втор фудбалер во италијанската Серија А е заразен со коронавирусот. Тоа е Маноло Габиадини, напаѓачот на Сампдорија, соопштија од клубот од Женева, јавува Агенција Анадолија (АА).
Габиадини, кој е и репрезентативец на Италија, е втор фудбалер заразен со коронавирусот во земјата, откако вирусот го дoби дефанзивецот на Јувентус, Даниеле Ругани.
„Сампдорија објавува дека фудбалерот Маноло Габиандини е тестиран и е позитивен на коронавирусот. Има полесна треска, но се чувствува добро. Клубот ги активира сите можни процедури за изолација и постапи според правилата“, пишува во соопштението за јавноста на фудбалскиот клуб Сампдорија.
До денес во Италија со коронавирусот се заразени повеќе од 12.000 лица, од кои починаа 827.