Husamedin Gina
12 Март 2020•Ажурирај: 16 Март 2020
СКОПЈЕ (АА) – Националниот шампионат во фудбал во сите конкуренции се прекинува на неодредено време, соопшти Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Натпреварувачката комисија во рамки на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука за прекин на неодредено време на Националниот шампионат од Прва и Втора МФЛ, потоа третите лиги од МФЛ, како и натпреварите од Женскиот шампионат и Првенството во фудбал.
Одлуката е донесена по последните препораки и забрани од Министерството за здравство за превенција од вирусот Ковид-19, кои опфаќаат забрана на сите јавни и приватни собири, без разлика на обемот и бројката на учесници - концерти, театри, кина, спортски сали, вежбалници.
Претходно, согласно препораките и забраните од Владата на Македонија за превенција од вирусот Ковид-19, Комисијата за младински фудбал донесе одлука сите натпревари од категориите на младинци и натпреварите од детските лиги на ФФМ да се суспендираат во наредните две седмици.