Bakir Tiro
31 Август 2018•Ажурирај: 01 Септември 2018
МОНТЕ КАРЛО (АА) - Напаѓачот на Атлетико Мадрид и на репрезентацијата на Франција, Антони Гризман, (27) е прогласен за најдобар играч на УЕФА Лига Европа во сезоната 2017-2018 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Гризман беше пред тимскиот колега од Атлетико, Уругваецот Диего Годин. Во „играта“ за најдобар на Лига Европа беше и Димитри Пајет (Олимпик Марсеј/Франција).
Одлуката за наградениот играч ја донесе жирито на УЕФА составено од 48 тренери на тимовите учесници на Лига Европа, како и 55 новинари, по еден од секоја земја членка на континенталната фудбалска асоцијација.
Свечената церемонија за прогласување на најдобриот е одржана за време на ждрепката за групната фаза на Лига Европа за тековната сезона, одржана денес во салата „Грималди форум“ во Монте Карло.