Berad Büyük
11 Јули 2019•Ажурирај: 13 Јули 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Аурелио де Лаурентис, претседателот на фудбалскиот клуб Наполи, член на италијанската прва фудбалска лига Серија А, соопшти дека е сериозно заинтересиран за Елиф Елмас, репрезентативецот на Северна Македонија кој ги брани боите на турскиот клуб Фенербахче, јавува Anadolu Agency (AA).
Де Лаурентис за италијанските медиуми даде изјава во врска со активностите околу трансферите.
Претседателот на италијанскиот клуб, во врска со трансферот на фудбалерот на Фенербахче, Елиф Елмас, изјави „Сериозно сме заинтересирани за Елиф Елмас, тоа не можеме да го негираме, но за да не бидеме со пренатрупан кадар, потребно е првенствено да направиме продажба.“