Yunus Kaymaz
06 Јули 2023•Ажурирај: 07 Јули 2023
МАДРИД (АА) - Турскиот репрезентативец Арда Ѓулер ќе го носи дресот на мадридскиот фудбалски клуб Реал Мадрид во следните шест години, соопшти клубот, пренесува Анадолу.
Истанбулски Фенербахче, чиј член беше Ѓулер, потврди дека турскиот играч од средниот ред, за 20 милиони евра со дополнителни 10 милиони во зависност од учинокот, преминал во Реал Мадрид.
Арда Ѓулер во својата проштална порака до навивачите на Фенербахче порача дека „секогаш ќе му бидат во срцето“.