Erkan Tiryaki
27 Август 2019•Ажурирај: 29 Август 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот фудбалски клуб Фенербахче го трансферираше францускиот фудбалер Адил Рами, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на овој клуб, францускиот стопер Рами потпишал 1+1-годишен договор со турскиот фудбалски клуб Фенербахче.
Рами минатата сезона го носеше дресот на францускиот клуб Олимпик Марсеј, со чиј дрес одигра 21 официјален меч.
Триесет и тригодишниот Рами беше во тимот на француската репрезентација, кога таа стана првак на Светското првенство во 2018 година.
Тој во својата кариера играше за различни клубови како Лил, Валенсија, Севиља и Милан.