Oktaj Omeragic
13 Октомври 2020•Ажурирај: 14 Октомври 2020
СКОПЈЕ (АА) - Денес и утре се играат натпреварите од 4. коло во УЕФА Лигата на нации, пишува Агенција Анадолија (АА).
Денес во рамките на 4. коло во Лигата на нации, што претставува европско натпреварување на репрезентативно ниво, се играат 7 натпревари. Преостанатите 20 средби ќе се играат утре.
Денес во рамките на Групата 4 од Лигата А, Шпанија ѝ гостува на Украина, а Германија на домашен терен ја пречекува Швајцарија. Двата натпревари започнуваат во 20:45 часот.
Утре во Групата 2 од Лигата Ц, репрезентацијата на Северна Македонија на домашен терен ја пречекува репрезентацијата на Грузија. Натпреварот ќе започне во 20:45 часот.
Во Групата 3 од Лигата Б, Турција се среќава со репрезентацијата на Србија. Натпреварот се игра во Турција.
Во Групата 1 од Лигата А, Италија ја пречекува репрезентацијата на Холандија, додека во вториот натпревар од оваа група БиХ ѝ гостува на Полска.
Во Групата 3 од Лигата А, репрезентацијата на Хрватска е домаќин на репрезентацијата на Франција, додека во истата група Португалија на домашен терен ќе игра против Шведска.
- Распоред на натпреварите што се играат денес (13.10.2020, вторник):
18:00 Латвија - Малта
18:00 Азербејџан - Кипар (грчки дел)
20:45 Украина - Шпанија
20:45 Црна Гора - Луксембург
20:45 Германија - Швајцарија
20:45 Лихтенштајн - Сан Марино
20:45 Фарски Острови - Андора.
- Утре (14.10.2020, среда) на програмата се следните натпревари:
18:00 Финска - Ирска
18:00 Литванија - Албанија
20:45 Италија - Холандија
20:45 Полска - БиХ
20:45 Грција - Косово
20:45 Словачка - Израел
20:45 Хрватска - Франција
20:45 Белорусија - Казахстан
20:45 Естонија - Ерменија
20:45 Португалија - Шведска
20:45 Турција - Србија
20:45 Шкотска - Република Чешка
20:45 Бугарија - Велс
20:45 Романија - Австрија
20:45 Исланд - Белгија
20:45 Норвешка - Северна Ирска
20:45 Англија - Данска
20:45 Русија - Унгарија
20:45 Молдавија - Словенија
20:45 Северна Македонија - Грузија.