Elvir Hociç
13 Јуни 2016•Ажурирај: 13 Јуни 2016
ПАРИЗ (АА) - Продолжението на Европското фудбалско првенство во Франција носи три нови интересни натпревари, меѓу кои и дуелот помеѓу Белгија и Италија во првото коло на натпреварувањата во групата „E“, јавува Anadolu Agency (AA).
Белгија и Италија во Франција дојдоа со големи амбиции кои се оправдани со фактот што двете репрезентации имаат исклучително квалитетен кадар на играчи. Натпреварот помеѓу Белгија и Италија на распоредот е во 21:00 часот на градскиот стадион во Лион и токму тој натпревар би можел да одреди кој ќе го има главниот збор во групата „E“.
Избраниците на белгискиот селектор Марк Вилмотс ќе се обидат да се изборат за првата победа над Италија уште од далечната 1972 година.
Вториот меч од првото коло во групата „E“ во терминот од 18:00 часот ќе го одиграат во Сен Денис на „Stade de France“ Република Ирска и Шведска.
Четвртиот ден на ЕУРО 2016 во Франција во 15:00 часот ќе го отвори актуелниот европски шампион Шпанија и Чешката Република кои го играат преостанатиот натпревар од првото коло од групата „Д”, во којашто вчера Хрватска ја совлада Турција со резултат 1:0.
- 12 јуни -
Сен Денис (18:00 часот): Република Ирска - Шведска
Лион (21:00 часот): Белгија - Италија