Ekipa
13 Јуни 2016•Ажурирај: 13 Јуни 2016
МОНТРЕАЛ (АА) - Луис Хамилтон, возачот на Формула 1, вчерашната победа на трката во Монтреал за големата награда на Канада ја посвети на светската боксерска легенда Мухамед Али, кој бил негова инспирација, јавува Anadolu Agency (AA).
Кога како дете сакал да ѝ се приклучи на Меѓународната автомобилска федерација, како што изјави по победата, во тоа време немало Афроамериканци во редовите на возачи на Ф1. Тогаш, како што истакна, инспирацијата ја пронашол во Мухамед Али, легендата на светскиот бокс.
„Мислам дека тој беше единствен, култен поединец кој имаше карактер различен од било кој друг. И сите се стремеа да бидат како него“, изјави Хамилтон во Монтреал, каде вчера ја постигна својата втора последователна победа во шампионатот на Ф1 и така му се доближи на својот клубски колега, Ники Розберг, на девет поени во генералниот пласман.
„Би сакал да ја имам неговата харизма или онаа негова комична страна. Онаа самодоверба која ја имаше за време на боксерските натпревари и начинот на кој ги надмудруваше своите противници“, рече Хамилтон, додавајќи дека својата најнова победа му ја посветува на Али.
„Да се лета како пеперутка, а да е убоде како пчела, тоа беше Мухамед Али. Ми беше инспирација. За време на целата трка размислував само на него. Замислував дека можеби ме набљудува, не знам... Ова е за него и неговото семејство. Почивај во мир.“
Луис Хамилтон во 2008 година стана светски шампион во Формула 1 возејќи го болидот на Мерцедес и стана првиот дебитант во историјата на Формула 1 кој водел во вкупниот пласман на возачи. Британецот, кој потекнува од татко Афроамериканец и мајка-белец, често е етикетиран како првиот „црн возач“ во Формула 1.
Следната трка за шампионатот во Формула 1 ќе се вози во Баку, за Големата награда на Европа.