Hilmi Sever
05 Јули 2018•Ажурирај: 06 Јули 2018
МОСКВА (АА) - Светското фудбалско првенство во Русија продолжува со првите четвртфинални натпревари. За денес се закажани две средби, јавува Anadolu Agency (AA).
Четвртфиналните натпревари ќе се одиграат на 6 и 7 јули (петок и сабота).
За денес се планирани две средби. Првата средба е меѓу репрезентациите на Уругвај и Франција, а натпреварот ќе се одигра на стадионот „Нижни Новгород“ во Нижни Новгород со почеток во 16:00 часот.
Вториот натпревар од четвртфиналето на СП Русија 2018 меѓу Бразил и Белгија ќе се одигра на стадионот „Казањ арена“ во Казањ со почеток во 20:00 часот.
Во четвртфиналните натпревари учествуваат 6 репрезентации од Европа (Франција, Белгија, Русија, Хрватска, Шведска и Англија) и две од Латинска Америка (Бразил и Уругвај).
Распоред на четвртфиналните натпревари:
6 јули, петок:
16:00 Уругвај - Франција (стадион „Нижни Новгород“ - Нижни Новгород)
20:00 Бразил - Белгија (стадион „Казањ арена“ - Казањ)
7 јули, сабота:
16:00 Шведска - Англија (стадион „Космос“ - Самара)
20:00 Русија - Хрватска (стадион „Фишт“ - Сочи)