Bakir Tiro
04 Јули 2018•Ажурирај: 05 Јули 2018
САРАЕВО (АА) - БАКИР ТИРО -
На Светското фудбалско првенство во Русија се одиграни 56 од 64 натпревари кои ќе ги видиме на 21. Мундијал, во кој се постигнати 146 гола, односно во просек, 2,6 по меч, пишува Anadolu Agency (AA).
Заклучно со средбите во осминафиналето, судиите покажаа 189 жолти картони (3,4 во просек по натпревар) и 4 црвени (0,07). Играчите упатија 43.139 прецизни додавања или во просек, 770,3 по меч.
Белгија со 12 постигнати гола е најефикасна репрезентација на досегашниот тек на планетарниот шампионат. Најмногу напади имаше Шпанија која е елиминирана во осминафиналето, 288. Играчите на „црвената фурија“ имаа и најмногу додавања (3.120), додека во дефанзивните интервенции најдобри се Русите (196).
Најмногу удари кон головите на противниците упати Бразилецот Нејмар, 24. Кристијан Ериксен (Данска) има претрчано најмногу, 51 километар во 4 натпревари. Серхио Рамос (Шпанија) со 485 успешни паса е лидер во тој статистички сегмент. Најмногу одбрани забележа Гилермо Очоа (Мексико), 25.
Четвртфиналето на натпреварот на СП започнува в петок, 6 јули, кога ќе се состанат Уругвај - Франција (16:00 часот) и Бразил - Белгија (20:00 часот). Ден подоцна, по средбата на Шведска - Англија (16:00 часот) и Русија - Хрватска (20:00 часот), ќе бидат познати полуфиналните парови.