19 Ноември 2019•Ажурирај: 20 Ноември 2019
СКОПЈЕ (АА) - Денес се играат последните натпревари од квалификациите за ЕВРО 2020, по што ќе бидат познати сите директни учесници во завршницата на Европското фудбалско првенство што ќе се одржи следната година, пишува Агенција Анадолија (АА).
Синоќа се одиграа 8 натпревари од последното, 10. коло, од квалификациите за учество во завршницата на Европското фудбалско првенство ЕВРО 2020.
Во групата Ј се одиграа 3 натпревари. Репрезентацијата на Италија на домашен терен ја пречека Ерменија. Италија извојува висока победа нанесувајќи ѝ катастрофален пораз на Ерменија од 9:1. Италија во овие квалификации успеа да излезе како победник на сите 10 натпревари, освојувајќи го максималниот број на бодови. Во исто време италијанската репрезентација има гол разлика од +33 погодоци.
Грција дома ја пречека Финска. Првото полувреме заврши 0:1 со водство на гостите, со погодокот постигнат во 27. минута преку Тему Пуки. Со овој резултат се замина и на полувреме. Грција веќе во втората минута од второто полувреме, во 47. минута од натпреварот, изедначи на 1:1 со погодокот на Петрос Мандалос, а во 70. минута беа поставени конечните 2:1 за Грција со погодокот на Констатинос Галанопулос. Финска својот пласман во завршницата на ЕВРО 2020 веќе го имаше обезбедено.
Босна и Херцеговина му гостуваше на Лихтенштајн. Гостите извојуваа убедлива победа од 0:3, но ова беше доволно само за четврто место во групата.
Во групата Ф, Шпанија на домашен терен ја пречека репрезентацијата на Романија. Домаќините извојуваа убедлива победа од 5:0, завршувајќи ги квалификациите на лидерската позиција. Шведска дома играше против Фарски Острови. Домаќините победија со 3:0. Во истата група Норвешка ѝ гостуваше на Малта. Гостите победија со 1:2, нанесувајќи му го деветтиот пораз на домаќинот.
Во групата Д, Гибралтар ѝ беше домаќин на репрезентацијата на Швајцарија. Гостите извојуваа висока победа од 1:6, преземајќи ја лидерската позиција на табелата. Гибралтар го претрпе и 10. пораз на овие квалификации, не успевајќи да освои ниту еден бод.
Репрезентацијата на Данска, која до ова коло беше на лидерската позиција, како гостин одигра нерешено 1:1 против Ирска. Со освоениот бод Данска го освои второто место на табелата, но тоа во исто време ѝ го обезбеди билетот за завршницата на ЕВРО 2020.
Резултати од синоќа одиграните натпревари:
Лихтенштајн - Босна и Херцеговина 0 : 3
Шпанија - Романија 5 : 0
Шведска - Фарски Острови 3 : 0
Грција - Финска 2 : 1
Малта - Норвешка 1 : 2
Ирска - Данска 1 : 1
Италија - Ерменија 9 : 1
Гибралтар - Швајцарија 1 : 6.
Денес, во рамките на 10. коло ќе се одиграат последните натпревари од квалификациите за пласман на ЕВРО 2020. Репрезентацијата на Северна Македонија на домашен терен го пречекува Израел (20:45 часот). На програмата се средбите:
Летонија - Австрија
Германија - Северна Ирска
Велс - Унгарија
Северна Македонија - Израел
Белгија - Кипар (грчки дел)
Полска - Словенија
Сан Марино - Русија
Шкотска - Казахстан
Словачка - Азербејџан
Холандија - Естонија.