Mutlu Demirtaştan
18 Ноември 2019•Ажурирај: 18 Ноември 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Во 20-тата трка од шампионатот во Формула 1, Големата награда на Бразил, победи Холанѓанецот Макс Верштапен, возачот на Ред Бул Хонда, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Вчера, на патеката „Хозе Карлос Пасе“ во Сао Паоло со должина од 4.309 метри, возачите на Формула 1 се натпреваруваа кој најбргу ќе извози 71 круг за освојување на Големата награда на Бразил.
Верштапен, кој трката ја започна од полпозиција, ја освои својата трета титула сезонава, осма во својата кариера.
Зад Верштапен, со заостанување од 6 секунди, како втор трката ја заврши Французинот Пјер Гасли, возач на Торо Росо, додека овогодинешниот светски шампион, Британецот Луис Хамилтон, возачот на Мерцедес, трката ја заврши на третата позиција со заостанување од 6,1 секунда.
По завршувањето на трката и разгледувањето на снимката, забележано е дека Хамилтон во 70. круг со својот болид удрил во болидот на Александер Албон, возачот на Ред Бул Хонда, за што доби казна од 5 секунди, поради што падна на седмата позиција. По објавувањето на казната, наместо Хамилтон, на победничкиот подиум како третопласиран се качи Шпанецот Карлос Саинс, возач на Мекларен Рено.
Инаку, во 66. круг, во борбата за место на победничкиот подиум, дојде до судир на двајцата возачи на Ферари, Себастијан Фетел и Шарл Леклер, по што и двајцата возачи останаа надвор од патеката.
Последната овогодинешна трка во Формула 1, Големата награда на Абу Даби, ќе се одржи на 1 декември.
Резултати од трката за ГН на Бразил: Листа на првите десетмина:
1. Макс Верштапен (Ред Бул Хонда)
2. Пјер Гасли (Торо Росо)
3. Карлос Саинс (Мекларен - Рено)
4. Кими Раиконен (Алфа Ромео - Ферари)
5. Антонио Џованези (Алфа Ромео - Ферари)
6. Даниел Рикардо (Рено)
7. Луис Хамилтон (Мерцедес)
8. Ландо Норис (Мекларен - Рено)
9. Серхио Перез (Рејсонг Поинт - Мерцедес)
10. Данил Квајт (Торо Росо).
- Генерален пласман на возачи
1. Луис Хамилтон (В. Британија) 387 поени
2. Валтери Ботас (Финска) 314
3. Макс Верштапен (Холандија) 260
4. Шарл Леклер (Монако) 249
5. Себастијан Фетел (Германија) 230.
- Пласман на тимови
1. Мерцедес 701 поен
2. Ферари 479
3. Ред Бул 391
4. Мекларен 140
5. Рено 91.