Bedrudin Brljavac
11 Јуни 2024•Ажурирај: 12 Јуни 2024
АНКАРА (АА)
Европското фудбалско првенство (ЕВРО 2024), кое првпат се одржа во 1960 година и се организира на секои четири години, оваа година се одржува во Германија во периодот од 14 јуни до 14 јули, известува Анадолу.
Европското првенство 2024 ќе биде отворено со натпреварот меѓу селекциите на Германија и на Шкотска, кој ќе се одигра на стадионот во Минхен, на 14 јуни, со почеток во 21 часот.
На годинашното 17. издание на Европското првенство во фудбал ЕВРО 2024, во групата Е силите ќе ги одмерат селекциите на Белгија, Украина, Словачка и Романија.

- Белгија
Репрезентацијата на Белгија со подмладен состав се надева на одлични резултати на ова Европско првенство.
Белгија на ЕП досега учествуваше шестпати, а нејзин најголем успех е освојувањето второ место на ЕВРО 1980 и трето место во 1972 година. Белгија избори пласман во четвртфиналето на европските првенства во 2016 и 2020 година, а во 1984 и 2000 година се прости од турнирот уште во групната фаза.
- Украина
Репрезентацијата на Украина досега настапи трипати на европските првенства, а нејзин најголем успех е пласманот во четвртфиналето на ЕВРО 2020.
- Словачка
Селекцијата на Словачка по распадот на Чехословачка третпат се пласираше на европско првенство. На своето прво учество во 2016 година стигна до осминафиналето, а во 2020 година не ја мина групната фаза.
- Романија
Романија досега петпати учествуваше на ЕП во фудбал, а најдобар резултат постигна на ЕВРО 2000 кога играше во четвртфиналето.