Şenhan Bolelli
21 Април 2021•Ажурирај: 22 Април 2021
МАДРИД (АА) - Европската Супер лига, во која останаа по три клуба од Шпанија и Италија, истакна дека иако клубовите од Англија објавија дека поради притисокот на кој биле подложени биле принудени да ја донесат одлуката за повлекување, убедена е дека предлогот е правилен и конзистентен со европското законодавство и дека судовите не се двоумеле да го заштитат проектот од какво било дејствие од трети страни, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Веруваме дека е потребна промена на статус кво-ситуацијата во европскиот фудбал и затоа предлагаме ново натпреварување, сегашниот систем не работи правилно“, се вели во соопштениетона Супер лигата, во кое уште се наведува и дека Европската супер лига има за цел „развој на фудбалската индустрија и создавање додадена вредност на целата пирамида“.
Се истакнува дека Лигата која е предмет на расправа „претставува одлична можност за соочување со финансиски тешкотии и дизајнирана е со основна цел значително зголемување на исплатата на солидарност за целото фудбалско семејство“.
„Сепак, свесни сме дека треба да ги земеме предвид ставовите на различните актери во фудбалската заедница во врска со нашиот проект“, се вели во соопштението и се додава:
„Затоа, за да можеме на навивачите да им понудиме најдобра можна конкурентност и да ги зголемиме исплатите на солидарност кон трети страни неопходни за одржливост на спортот, во иднина секогаш ќе ги разгледаме најсоодветните активности за решавање на овие проблеми.“