Hüseyin Burak Demirer
25 Март 2021•Ажурирај: 29 Март 2021
АНКАРА
Синоќа се одиграа 12 натпревари од првото коло од европските квалификации за учество на Светското фудбалско првенство ФИФА 2022, јавува Агенција Анадолија (АА).
За учество на Светскиот фудбалски куп чие 22. издание ќе се одржи во Катар следната година, синоќа се одиграа првите средби од европските квалификации во групите А, Д, Е, Г и Х.
Во групата Г Турција на домашен терен со резултат 4:2 ја совлада Холандија.
Турскиот репрезентативец Бурак Јилмаз стана првиот играч кој во натпревар против Холандија постигнал хек-трик, по Германецот Клаус Алофс кому тоа му успеа на натпревар од Европскиот шампионат во 1980 година.
Во оваа група Норвешка како гостин го совлада Гибралтар, а Црна Гора со резултат 2:1 извојува победа над домаќинот Летонија.
- Актуелниот шампион Франција квалификациите ги започна со еден поен
Во групата Д актуелниот шампион Франција на домашен терен одигра 1:1 против Украина.
Франција поведе со 1:0, благодарение на погодокот што го постигна Антоан Грижман. Во 57. минута францускиот репрезентативец Преснел Кимпембе постигна автогол, изедначувајќи го резултатот на 1:1.
Во групата Е Белгија на домашен терен ја пречека репрезентацијата на Велс. Иако гостите во 10. минута преку Вилсон поведоа со 0:1, не успеаја да ја сочуваат предноста. Кевин де Бројне во 22. минута го изедначи резултатот на 1:1. Торган Азар во 28. минута на Белгија ѝ донесе предност од 2:1, а Лукаку со ударот од белата точка во 73. минута ги постави конечните 3:1.
Во групата Е на еден натпревар постигнати се 8 погодоци. Чешка со погодоците на Соусек (3), Шик, Барак и Јанкто како гостин ја совлада Естонија со 2:6.
Резултати од натпреварите од првото коло на европските квалификации за учество на Светското првенство ФИФА 2022:
Група А
Србија - Република Чешка 3:2
Португалија - Азербејџан 1:0
Група Д
Франција - Украина 1:1
Финска БиХ 2:2
Група Е
Белгија - Велс 3:1
Естонија - Чешка 2:6
Група Г
Турција - Холандија 4:2
Гибралтар - Норвешка 0:3
Летонија - Црна Гора 1:2
Група Х
Малта - Русија 1:3
Словенија - Хрватска 1:0
Кипар (грчки дел) - Словачка 0:0
Денеска на програмата се натпреварите:
Група Б
20:45 Шпанија - Грција
20:45 Шведска - Грузија
Група Ц
18:00 Бугарија - Швајцарија
20:45 Италија - Северна Ирска
Група Ф
18:00 Израел - Данска
20:45 Молдавија - Фарски Острови
20:45 Шкотска - Австрија
Група И
20:45 Андора - Албанија
20:45 Англија - Сан Марино
20:45 Унгарија - Полска
Група Ј
20:45 Романија - Северна Македонија
20:45 Германија - Исланд
20:45 Лихтенштајн - Ерменија