Hüseyin Burak Demirer
25 Март 2021•Ажурирај: 27 Март 2021
АНКАРА
Турскиот женски одбојкарски клуб Вакифбанк во реванш-средбата од полуфиналето на ЦЕФ одбојкарската Лига на шампиони во женска конкуренција со резултат 0:3 го совлада италијанскиот претставник Унет е-ворк и се пласира во финалето, јавува Агенција Анадолија (АА).
Вакифбанк на првиот натпревар на домашен терен загуби со 2:3, но затоа на гостувањето на противниците не им даде ниту еден сет и ги совлада со 0:3 (по сетови 13-25, 15-25, 15-25).
Женскиот одбојкарски клуб Вакифбанк досега четирипати е победник во ЦЕФ Лигата на шампиони, за последен пат во 2018 година, а ова ќе биде негово деветто финале.
Вакифбанк во финалето ќе игра против италијанскиот претставник Имоко Волеј. Натпреварот ќе се игра на 1 мај.