Bedrudin Brlyavac
22 Јуни 2016•Ажурирај: 22 Јуни 2016
САРАЕВО (AA) - Во натпреварот од групата „Д" селекцијата на Турција ја совлада Чешка со 2:0, со што се вклучи во трката за осмина финалето како една од најдобрите третопласирани екипи, јавува Anadolu Agency (AA).
Головите за Турција ги постигнаа Бурак Јилмаз во 10-та минута и Озан Туфан во 65 минута од натпреварот.
Во вториот напревар од групата „Д", Хрватска приреди изненаувње, совладувајќи ја Шпанија со 2:1, со што обезбеди прво место во групата и пласман во осмина финалето.
Головите за Хрватска ги постигнаа Никола Калиниќ во 45 минута и Иван Перишиќ во 87 минута од натпреварот, додека голот за репрезентацијата на Шпанија го постигна Алваро Мората во 7-та минута од натпреварот.
Важно да се напомене е дека Шпанија не реализираше пенал кога Серхио Рамос во 72 минута не успеа да постигне погодок за својот тим.
По последното коло во групата Д прво место зазеде Хрватска со 7 бода, Шпанија е втора со 6, трето место и припадна на Турција која освои три бода, додека последна е Чешка со еден бод.
Во среда на програмата се натпреварите Унгарија-Португал (18:00), Исланд-Австрија (18.00), Италија-Ирска (21.00) и Шведска-Белгија (21.00).