Bakir Tiro
19 Октомври 2016•Ажурирај: 21 Октомври 2016
МАДРИД (АА) - Зинедин Зидан, тренерот на Реал Мадрид, благо го критикуваше Кристијано Роналндо, по синоќешниот натпревар од третиот круг на Лигата на шампиони во која кралскиот клуб на својот терен во група „Ф” ја победи полската Легија, со резултат 5:1. Тој нагласи дека очекувал повеќе од Роналдо, кој за време на мечот не ја искористил приликата за постигнување на голови, но имал две асистенции, јавува Anadolu Agency (AA).
„Сите сакаат Роналдо да постигне три, четири, па и пет голови. Имаше многу шанси во утакмицата со Легија. Меѓутоа, постигна гол минатата сабота и ќе постигне нов престојниот викенд. Сите очекуваме повеќе од Роналдо. Сакаме да постигне три или четири голови. Велам, не постигна гол против Легија. Сепак, ми се допаѓа тоа што имаше две асистенции”, изјави Зидан и истакна:
„Можеме уште да напредуваме, особено во одбраната. Задоволен сум со резултатот против Легија. Најважна работа е да постигнеме гол и да победиме”.
Реал по три кругови во групата „Ф” на Лигата на европски прваци има седум поени, колку собра и Борусија Дортмунд. Спортинг од Лисабон има три, а Легија нема освоено поени. Во шпанската Премиер лига после осум кругови екипата на тренерот Зидан со градскиот ривал Атлетико Мадрид ја дели лидерската позиција на табелата, со 18 освоени поени.