Mehmet Özay
03 Октомври 2016•Ажурирај: 04 Октомври 2016
ЏАКАРТА (АА) - Претседателот на Филипините, Родриго Дутерте реагираше на критиките на САД за кршење на човековите права, јавува Anadolu Agency (AA).
Дутерте рече дека сите ги критикуваат Филипините и дека тој на САД гледал како на пријател, но дека американските власти го критикуваат без да ја анализираат политиката што ја спроведуваат филипинските власти.
„Јас ја претставувам државата Филипини. Ако го навредувате народот на Филипините или мене ме осудувате пред меѓународната заедница, всушност го мачите и го казнувате мојот народ“, рече Дутерте.
Дутерте, кој стана претседател на Филипините на 30 јуни, води жестока борба против наркокартелите и зависниците од дрога, поради што тој е често критикуван во земјата, но и надвор од неа.
Од неговото доаѓање на власт, до денес припадниците на силите за безбедност ликвидираа повеќе од три илјади луѓе.
Обединетите нации (ОН) и САД повикаа на запирање на убиствата и почитување за човековите права.