Yunus Kaymaz
08 Јули 2020•Ажурирај: 10 Јули 2020
ИСТАНБУЛ
Златан Ибрахимовиќ кој игра за Милан, член на италијанската Прва фудбалска лига „Серија А“, изјави дека доколку сезоната ја започнал уште од самиот почеток, Милан би ја освоил титулата, јавува Агенција Анадолија (АА).
По победата на Милан на домашен терен од 4:2 на натпреварот во кој лидерот Јувентус имаше водство од 0:2, повторно амбициозна изјава даде шведската фудбалска ѕвезда Ибрахимовиќ кој во зимскиот преоден рок премина во редовите на црвено-црните.
Ибрахимовиќ (38) изјави: „Да играв од почетокот на сезоната ќе можевме да ја освоиме титулата. Јас сум претседател, технички директор и играч, но мене ми даваат плата само како фудбалер.“
Во последните 2 натпревари Милан успеа да ги победи двете првопласирани екипи во италијанската Серија А. Во претходното коло Милан на гостински терен го совлада Лацио со 0:3, а во последното коло Јувентус со 4:2.
Шведскиот фудбалер кој ги започна и двата натпревари меѓу првите 11-мина, постигна по еден погодок, давајќи придонес во победите на својот тим.