Atila Altuntaş
22 Ноември 2016•Ажурирај: 23 Ноември 2016
СТОКХОЛМ (AA) - Шведскиот фудбалски репрезентативец и напаѓач на англискиот Манчестер Јунајтед, по 11. пат е прогласен за фудбалер на годината во својата земја, јавува Anadolu Agency (AA).
Ибрахимовиќ присуствуваше на свеченоста во „Глобен арена“ во Стокхолм, каде што му е доделена наградата фудбалер на годината.
На церемонијата е најавено дека покрај стадионот „Френдс арена“ во Стокхолм ќе биде поставена статуата на Златан Ибрахимовиќ.
Популарниот Ибра во своето обраќање изјави дека е задоволен и среќен со оглед на тоа што по 11. пат е прогласен за фудбалер на годината во Шведска, и тоа го искоментира на нему својствен начин: „Одсега во Шведска имам сопствен клуб од 11 играчи“.
Во врска со одлуката за поставување на неговата статуа покрај стадионот во Стокхолм, Ибрахимовиќ рече дека во главниот град ќе биде подигнат кип на момчето кое растело во квартот Росенгард во Малме.
„Кипови инаку се подигаат за мртвите, но мојот кип ќе биде подигнат додека сум жив. Кога ќе умрам, тој ќе биде спомен за мене. Му се заблагодарувам на шведскиот народ, без чија поддршка не би можел да го остварам овој успех“, порача шведскиот фудбалер со босански корени.
Ибрахимовиќ исто така рече дека му недостасува само уште дворец, и оти се надева дека неговото име ќе го носи еден од стадионите во оваа земја.
На свеченоста во Стокхолм прогласен е и најдобриот светски судија во оваа земја, а таа титула му припадна на Стефан Јоханесон.