Oktaj Omeragikj
06 Септември 2025•Ажурирај: 07 Септември 2025
ИСТАНБУЛ (АА) – Турската женска одбојкарска репрезентација се пласираше во финалето на Светското првенство откако ја победи Јапонија со 3-1 во полуфиналето, постигнувајќи го својот најголем успех во ова натпреварување, известува Анадолу.
Натпревар се одигра во Бангкок, главниот град на Тајланд. Јапонија подобро ја започна средбата и го освои првиот сет со 25:16.
Турција брзо се созеде и успеа да го смени текот на натпреварот освојувајќи ги следните два сета со 25:17 и 25:18.
Во четвртиот сет одбојкарките од двата тима приредија вистинска драма. Јапонките кон крајот на четвртиот сет поведоа со 21-17, за потоа дојдат и до скор од 24-21, на праг до освојување на сетот. Сепак Турција покажа неверојатна борбеност и предводена од Мелиса Варгас, турската репрезентација спаси три сет-топки и на крајот триумфираше со 27-25, пласирајќи се во историското финале.
Во финалето Турција ќе игра против победникот од вториот полуфинален натпревар меѓу Италија и Бразил. Со пласманот во финалето, турската селекција го обезбеди својот прв медал на Светското првенство.