Fatih Erel
22 Јануари 2019•Ажурирај: 22 Јануари 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Постојат стравувања дека фудбалерот од англиската Премиер лига, Емилијано Сала, се наоѓа во авионот што исчезна помеѓу Франција и Кардиф, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Постои голема загриженост дека 28-годишниот играч се наоѓа во авионот“, објави денес „Би-би-си њуз“ (BBC News).
Можно е аргентинскиот напаѓач да патувал заедно со уште едно лице во малиот приватен авион „Piper Malibu“, кој исчезна синоќа недалеку од островот Олдерни.
Во саботата Сала потпиша за Кардиф Сити, што му обезбеди трансфер од францускиот клуб Нант вреден 15 милиони фунти.