Barış Seçkin
06 Октомври 2017•Ажурирај: 07 Октомври 2017
РИМ (AA) - Италијанскиот фудбалер Кристијан Закардо, кој неодамна беше во фокусот на јавноста порати тоа што преку интернет бараше клуб, кариерата ќе ја продолжи во Малта, пренесува Anadolu Agency (AA).
Како што пишува „La Gazzetta dello Sport", 35-годишниот Закардо, кој настапуваше и за репрезентацијата на Италија, потпиша договор со Хамрун Спартанс кој се натпреварува во Првата лига на Малта.
Одбрамбениот фудбалер ова лето на интернет страницата „LinkedIn" објави оглас со кој бараше работа.
Закардо изјави дека добил понуди од клубови од многу земји и од Италија, но дека се реши за клубот од Макта поради тоа што, како што рече, неговите сопственици планирааат да реализираат важни проекти во наредниот период.
„Сакам да им помогнат да освојат едно од првите три места за да учествуваат во европските натпреварувања", рече Закардо.
Закардо во досегашната кариера играше за Болоња, Спези, Палермо, Волфзбург, Парма, Милан, Карпи и Виченца.
Во дресот на репрезентацијата на Италија во 17 натпревари постигна еден погодок.