Kemal Zorlak
25 Ноември 2022•Ажурирај: 26 Ноември 2022
ДОХА
На шестиот ден од Светското првенство во Катар 2022 на ФИФА, на распоредот се првите четири натпревари од второто коло во групите А и Б, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во првата денешна средба, која се игра во групата Б, Велс ќе ги одмери силите со репрезентацијата на Иран. Натпреварот е закажан за 11 часот и ќе се игра на Стадионот „Ахмед бин Али“.

Во 14:00 часот на распоредот е средбата од групата А помеѓу репрезентациите на домаќинот Катар и Сенегал, на Стадионот „Ал Тумама“.
Во уште еден натпревар од групата А денеска се среќаваат репрезентациите на Холандија и Еквадор. Натпреварот ќе се игра на Стадионот „Калифа“ со почеток во 17 часот.
Во последната денешна средба, во групата Б силите ќе ги одмерат селекциите на Англија и Соединетите Американски Држави. Средбата е закажана за 20 часот и ќе се игра на Стадионот „Ал Бејт“.