Husamedin Gina
14 Јануари 2021•Ажурирај: 15 Јануари 2021
СКОПЈЕ
Одбојкарската репрезентација на Северна Македонија вечерва во Спортскиот центар Борис Трајковски – Скопје во квалификацискиот турнир за настап на Европското одбојкарско првенство, ја совлада репрезентацијата на Босна и Херцеговина со 3:0 во сетови во реванш мечот, јавува Агенција Анадолија (АА).
На четвртиот ден од квалификацискиот турнир на кој машките репрезентации на Северна Македонија, Турција и Босна и Херцеговина се борат за пласман на Европското првенство, репрезентација на Северна Македонија ја победи Босна и Херцеговина со 3:0 во сетови.
Одбојкарите на Северна Македонија, првиот сет кој траеше 25 минути го добија со резултат од 25:20.
Вториот сет исто така ја освои репрезентацијата на Северна Македонија со резултат од 26:24. Овој сет траеше 27 минути.
Третиот и последен сет со резултат од 25:13 го освои репрезентацијата на Северна Македонија. Последниот сет траеше 21 минути.
На натпреварот судеа Аврадимис Александрос од Грција и Петрович Александар од Србија.
Реванш средбите од квалификациите во Групата Ц ќе продолжат утре, на 15 јануари, помеѓу Турција и Босна и Херцеговина, со почеток во 18 часот, во Спортскиот центар Борис Трајковски – Скопје.
Да потсетиме, првиот натпревар кој се играше вторник (12.01) ја доби екипата на Турција со 3:0 во сетови.
На крајот од квалификациите за учество на Европското првенство во одбојка за мажи, што ќе биде организирано како два одделни турнири, тимовите кои во своите групи ќе го освојат првото место и најдобрите 5 второпласирани репрезентации ќе имаат право да учествуваат на ЕП 2021, што заеднички ќе го организираат Полска, Чешка, Естонија и Финска во 2021 година.