Bakir Tiro
02 Јануари 2019•Ажурирај: 03 Јануари 2019
МАДРИД (АА) - Кејлор Навас (32), голманот од Костарика, кој го изгуби статусот на првотимец со доаѓањето на Тибо Куртоа, и во јануарскиот преоден рок подготвен е да го напушти Реал Мадрид, пренесува Anadolu Agency (AA).
Најдобриот голман во Лигата на шампионите изминатата сезона во изборот на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) и Europa Sports Media (ESM) на Инстаграм објави фотографија на која се поздравува со навивачите на „кралскиот клуб“ со написот „Ви благодарам за сè“.
Според пишувањето на медиумите од многу европски земји изминативе денови, за Навас биле заинтересирани многу клубови, пред сѐ Рома и Арсенал.
Во Реал Мадрид дојде летото 2014 година и со најтрофејниот шпански тим успеа трипати по ред да ја освои Лигата на шампионите.
Оваа сезона забележа осум настапи.