Doga Kirmizioglu
16 Март 2019•Ажурирај: 18 Март 2019
АНКАРА (AA) - Во кинескиот град Шензен денес е извршена ждрепка за групите за Светското првенство во кошарка, кое ќе се одржи во Кина од 31 август до 15 септември, јавува Anadolu Agency (AA).
Ждрепката во Шензен ја изврши легендарниот американски кошаркар Коби Брајант, кој претходно е именуван за глобален амбасадор на ФИБА Светскиот куп во Кина.
Кога станува збор за репрезентациите од регионот, Србија се најде во групата Д заедно со Ангола, Филипини и Италија, додека репрезентативците на Црна Гора за излегување од групата ќе се борат со селекциите на Грција, Нов Зеланд и Бразил.
Вака изгледаат групите за Светското првенство во кошарка:
Група А: Брегот на Слоновата Коска, Полска, Венецуела, Кина
Група Б: Русија, Аргентина, Јужна Кореја, Нигерија
Група Ц: Шпанија, Иран, Порторико, Тунис
Група Д: Ангола, Филипини, Италија, Србија
Група Е: Турција, Чешка, САД, Јапонија
Група Ф: Грција, Нов Зеланд, Бразил, Црна Гора
Груга Г: Доминиканска Република, Франција, Германија, Јордан
Група Х: Канада, Сенегал, Литванија, Австралија
Во понатамошна фаза поминуваат првите две репрезентации од групата.