Ekipa
12 Ноември 2017•Ажурирај: 13 Ноември 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Победник на 39. Водафон маратон одржан во Истанбул во категорија за мажи е францускиот атлетичар со потекло од Кенија, Абрахам Кипротич, а во категоријата за жени Кенијката Рут Чепнгетич, јавува Anadolu Agency (AA).

На Кипротич за победата му беа потребни два часа 11 минути и 22 секунди. Второпласиран беше Кениецот Јакоб Кендагор, кој од победникот беше побавен за пет секунди. На третото место стигна Базу Ворку од Етиопија, кој патеката ја истрча за два часа 11 минути и 39 секунди.
Во категоријата за жени, Чепнгетич маратонот го истрча за два часа 22 минути и 36 секунди, додека нејзината сонародничка, Висилин Џепкешо, го доби сребрениот медал за времеод два часа од 22 минути и 40 секунди.

На трето место беше Етиопијанката, Летебхан Хајлај, која маратонот го заврши со време од два часа, 25 минути и 14 секунди.
Натпреварувачите преминаа преку Босфорот преку „Мостот на загинатите херои на 15 јули“, а потоа трчаа долж брегот, а крајот на трката беше на Ат Мејдан, во непосредна близина на џамијата Султан Ахмед.
Во борбата за титула на истанбулскиот маратон се натпреваруваа и 86 врвни атлетичари од Турција, Кенија, Етиопија, Намибија, Белорусија, Азербејџан, Франција, Србија и Литванија.
Покрај главната маратонска трка, во Истанбул денес беа организирани и трки на рекреативци на 15 и 10 километри и трки за лица во колички.
Вкупниот награден фонд изнесува милион долари.
На 39. Водафон маратон, којшто се одржа во Истанбул, учествуваа околу 125.000 натпреварувачи од 100 различни земји од светот, а целата организација оваа година е посветена на децата со што и мотото на маратонот е „Трчаме за иднината на нашите деца“.