Fatih Erel
16 Јануари 2019•Ажурирај: 16 Јануари 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Каролина Возњацки и Роџер Федерер стигнаа до третата рунда на Австралија Опен, пишува Anadolu Agency (AA).
Роџер Федерер денес го победи Даниел Еванс со 3 : 0 (7 : 6, 7 : 6, 6 : 3).
Федерер во третата рунда ќе игра со Американецот Тејлор Фриц.

Возњацки, исто така, стигна до третата рунда со победа над Швеѓанката Јохана Ларсон со 6 : 1, 6 : 3 во сетови.
Таа во петок ќе се соочи или со Русинката Марија Шарапова или со Швеѓанката Ребека Петерсон.