Abdulkadir Karakaya
05 Февруари 2021•Ажурирај: 05 Февруари 2021
ИСТАНБУЛ - Екипата на Лос Анџелес Лејкерс, благодарение на трипл-дабл учинокот на Леброј Џејмс, го совлада Денвер Нагетс со резултат 114:93, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Синоќа се одиграа пет натпревари во американската Национална кошаркарска лига (НБА). Лејкерс, благодарение на трипл-дабл учинокот на Леброн од 27 поени, 10 скока, 10 асистенции, го совлада Денвер Нагетс со 114:93 и ја постигна својата трета последователна победа, вкупно 17 оваа сезона.
Во редовите на Лејкерс Денис Шредер постигна 21 поен, 4 асистенции, 2 скока, Тејлен Хортон-Такер 17 поени, 3 скока, 2 асистенции, додека Ентони Дејвис натпреварот го заврши со 13 поени, 9 скока, 2 асистенции.
Кај Нагетс, Џамал Мареј постигна 20 поени, 5 асистенции, 3 скока, а Џамајкл Грин постигна 14 поени, 8 скока.
Леброн Џејмс по овој натпревар стигна до бројката од 12.691 прецизен шут, заземајќи го третото место на листата на кошаркари со најголем број прецизни шутови. Леброн зад себе ја остави НБА-легендата Вилт Чејмберлен. На првото место се наоѓа Карим Абдул-Џабар (15.837), а второпласиран е Карл Малон (13.528).
- Портланд стави крај на серијата победи на Филаделфија -
Филаделфија Севентисиксерс како домаќин загуби од Портланд Треил Блејзерс со 105:121.
Во редовите на Блејзерс кој ѝ стави крај на серијата од четири победи на Севентисиксерс, најпрецизни беа Гери Тренд Џуниор со 24 поени, 3 скока, 3 асистенции и Кармело Ентони со 22 поени, 5 асистенции, 4 скока.
Во Севентисиксерс најпрецизни беа Џоел Ембид со 37 поени, 5 скока, 1 асистенција, Тајриз Макси со 15 поени, 4 асистенции, 2 скока и турскиот интернационалец Фуркан Коркмаз со 13 поени, 5 скока, 2 асистенции.
- Резултати:
Далас Маверикс - Голден Стејт Вориорс 116:147
Атланта Хоукс - Јута Џез 91:112
Филаделфија Севентисиксерс - Портланд Треил Блејзерс 105:121
Мемфис Гризлис - Хјустон Рокетс 103:115
Лос Анџелес Лејкерс - Денвер Нагетс 114:93