Hüseyin Burak Demirer
27 Декември 2022•Ажурирај: 28 Декември 2022
АНКАРА
Англискиот премиер лигаш Ливерпул постигна договор со Коди Гакпо, фудбалер на ПСВ, клуб од холандската Прва фудбалска лига (Ередивиси), пренесува Агенција Анадолија (АА).
ПСВ соопшти дека страните постигнале договор за трансфер на 23-ходишниот холандски репрезентативец.
Британските и холандските медиуми тврдат дека вредноста на овој договор изнесува 45-50 милиони евра.
Гакпо оваа сезона во Ередивиси одигра 14 натпревари на кои постигна 9 погодоци.
Фудбалерот на ПСВ го привлече внимание со трите погодоци за селекцијата на Холандија за време на Светското фудбалско првенство 2022 што се одржа во Катар.