Doğa Kırmızıoğlu
05 Ноември 2020•Ажурирај: 06 Ноември 2020
АНКАРА
Со синоќешните напревари заврпши 3. коло во УЕФА Лигата на шампиони, известува Агенција Анадолија (АА).
Во европското најпрестижно клупско фудбалско натпреварување, УЕФА Лигата на шампиони, синоќа се одиграа осум натпревари во групите Е, Ф, Г и Х.
Во Истанбул, во рамките на натпреаврите во групата Х, Медипол Башакшехир го пречека Манчестер Јунајтед. Домаќините славеа со 2:1. Погодоците за домаќините ги постигнаа Демба Ба и Един Виска, а единствениот погодок за Манчестер Јунајтед го постигна Антоан Марсијал.
Ова е прв пораз на едно гостување на Манчестер Јунајтед по 19 натпревари, ставајќи крај на серијата од десет победи на гостувањата.
Во вториот натпревар од оваа група, Лајпциг на домашен терен го пречека Париз Сен Жермен. Гостите преку Анхел ди Марија поведоа со 0:1 во 5. минута од натпреварот, а во 15. минута од средбата истиот играч не успеа да го реализира ударот од 11 метри. Домаќините израмнија на 1:1 во 41. минута преку Нканку, а конечните 2:1 ги постави Форсберг со погодок од белата точка во 57. минута.
Во групата Е Челси му беше домаќин на Рен. Домаќините славеа со 3:0 благодарение на 2 гола на Тимо Вернер и погодокот на Тами Абрахам. Севиља го совлада Краснодар со 3:2 и сега во врвот на табелата по 3 кола со 7 бода го делат првото место со Челси, кој има подобра гол разлика.
Во групата Ф Борусија Дортмунд со двата гола на Ерлинг Браут Холанд и голот на Торган Азар со 3:0 го совладаа Клуб Бриж.
Во групата Г Барселона му беше домаќин на Динамо Киев. Со погодокот на Лионел Меси од белата точка и погодокот на Жерард Пике домаќините победија со резултат 2:1, постигнувајќи три победи на три натпревари.
Во истата група Јувентус му гостуваше на Ференцварош. Гостите извојуваа убедлива победа од 1:4, а головите за Јувентус ги постигнаа Алваро Мората (2), Пауло Дијаба (1) и Лаша Двали (1).
Резултати од натпреварите што се одиграа синоќа:
Група Е
Челси - Рен 3:0
Севиља - Краснодар 3:2
Група Ф
Зенит - Лацио 1:1
Клуб Бриж - Борусија Дортмунд 0:3
Група Г
Барселона - Динамо Киев 2:1
Ференцварош - Јувентус 1:4
Група Х
Медипол Башакшехир - Манчестер Јунајтед 2:1
Лајпциг - Париз Сен Жермен 2:1