Şenhan Bolelli
04 Јуни 2019•Ажурирај: 06 Јуни 2019
МАДРИД (АА) - Хулен Лопетеги стана новиот тренер на шпанскиот фудбалски клуб Севилја, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на овој клуб, Севиља потпиша тригодишен договор со 53-годишниот шпански тренер Хулен Лопетеги.
Поранешниот тренер на Севиља, Хоакин Капарос, на крајот на сезоната го напушти овој клуб бидејќи е заболен од хронична леукемија.
Лопетеги претходно беше тренер на Реал Мадрид и селектор на шпанската репрезентација.