Berad Büyük
01 Јули 2019•Ажурирај: 02 Јули 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Клубот од италијанската Прва фудбалска лига (Серија А), Јувентус, го трансферираше 20-годишниот Лука Пелегрини, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на клубот, италијанскиот фудбалер, кој го носеше дресот на Рома, потпиша четиригодишен договор со Јувентус.
Во соопштението се додава дека 26-годишниот Леонардо Спинацола е трансфериран во Рома.
Младиот Пелегрини минатата сезона одигра 18 натпревари со дресот на Рома и со дресот на Каљари, за кој играше како позајмен играч во втората половина од сезоната.
Од друга страна, Спинацола минатата сезона одигра 12 натпревари со дресот на Јувентус.