Alma Dekovic
21 Април 2024•Ажурирај: 24 Април 2024
ПЕКИНГ (АА) - Актуелниот трикратен светски шампион во Формула 1, Холанѓанецот Макс Верстапен која настапува за тимот на Ред Бул, ја постигна својата четврта победа оваа сезона, прва во кариерата на патеката за Големата награда на Кина, пренесува Анадолу.
На Верстапен за 58. победа во кариерата на патеката во Шангај му беа потребни 1 час, 40 минути, 52 секунди и 554 илјадити делови од секундата.
Холанѓанецот победи со 13,773 секунди предност пред Британецот Ландо Норис (од тимот на Мекларен), а третопласиран беше неговиот клупски колега, Мексиканецот Серхио Перез (+19,160 секунди).
На четвртото и петтото место се пласираа двајцата возачи на Ферари, Шарл Леклер од Монако и Шпанецот Карлос Саинц Џуниор. Шести беше Британецот Џорџ Расел (од Мерцедес), а седмото место му припадна на Фернандо Алонсо (Астон Мартин).
Некогашниот светски шампион во Формула 1, Британецот Луис Хамилтон, кој настапува за Мерцедес го освои 9-тото место, со заостанување од +57,986 секунди.