Berad Büyük
01 Јули 2019•Ажурирај: 02 Јули 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед му го продолжи договорот на својот стрелец, Маркус Рашфорд, до 2023 година, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на клубот, договорот на 21-годишниот Рашфорд му е продолжен до 2023 година, со опција за продолжување за уште една година.
Англискиот репрезентативец на 7-годишна возраст се вклучи во академијата на Манчестер јунајтед, а во својата професионална кариера не го носеше дресот на ниту еден друг клуб, освен на Манчестер јунајтед.
Тој минатата сезона одигра 47 натпревари и постигна 13 погодоци.