Fatih Erel
20 Септември 2021•Ажурирај: 21 Септември 2021
ИСТАНБУЛ
Аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси, кој беше трансфериран во францускиот тим Париз Сен Жермен (ПСЖ), не успеа да даде голови или да направи асистенции во 190-те минути што ги одигра на 3 натпревари, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Триесет и четиригодишниот Меси, кој ја напушти Барселона на почетокот на сезоната и потпиша со ПСЖ, не можеше да придонесе со голови и асистенции на натпреварите со Лион и Ремс што ги одигра во француската Лига 1.
Во УЕФА Лигата на шампионите, Меси остана 90 минути на теренот против белгискиот тим Клуб Бриж. Натпреварот го заврши без да даде голови и асистенции за својот тим.
На вчерашниот натпревар во француската Лига 1, Меси не беше задоволен од одлуката на техничкиот директор на ПСЖ, Маурисио Почетино, кој во 76. минута од натпреварот го извади од игра.
Пораснат во фудбалскиот клуб Барселона, Меси одигра 778 натпревари за шпанскиот тим во сите натпреварувања. Постигна 672 голови. Меси за Барселона играше 17 сезони.
Минатиот месец, аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси откако постигна „хет-трик“ против Боливија во квалификациите за СП 2022 година стана фудбалер од Јужна Америка кој постигна најмногу голови на меѓународни натпревари.
Меси, кој постигна 79 голови на 153 натпревари за националниот дрес, ја надмина бразилската легенда Пеле и стана јужноамерикански фудбалер кој постигна најмногу голови на меѓународни натпревари.
Пеле го носеше во својата кариера националниот дрес на Бразил 92 пати, а постигна 77 гола.