Yunus Kaymaz
22 Септември 2021•Ажурирај: 24 Септември 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Португалската ѕвезда Кристијано Роналдо, кој го носи дресот на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед, се наоѓа на челото на листата на фудбалери кои имале највисоки приходи во оваа година, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според листата подготвена од страна на списанието „Форбс“ (Forbes), во чии рамки предвид се земени платите, приходите од спонзорства и бонусите, 36-годишниот Роналдо со 125 милиони долари стана фудбалер кој имал највисоки приходи во 2021 година.
По Роналдо, следуваат Аргентинецот Лионел Меси со 110 милиони долари и Бразилецот Нејмар со 95 милиони долари.
Првите 10 фудбалери кои имале највисоки приходи оваа година:
| Фудбалер | Клуб | Приходи (долари) |
|---|
| 1 | Кристијано Роналдо | Манчестер Јунајтед | 125 милиони |
|---|
| 2 | Лионел Меси | ПСЖ | 110 милиони |
|---|
| 3 | Нејмар | ПСЖ | 95 милиони |
|---|
| 4 | Килијан Мбапе | ПСЖ | 43 милиони |
|---|
| 5 | Мохамед Салах | Ливерпул | 41 милион |
|---|
| 6 | Роберт Левандовски | Баерн Минхен | 35 милиони |
|---|
| 7 | Андрес Иниеста | Висел Кобе | 35 милиони |
|---|
| 8 | Пол Погба | Манчестер Јунајтед | 34 милиони |
|---|
| 9 | Гарет Бејл | Реал Мадрид | 32 милиони |
|---|
| 10 | Еден Азар | Реал Мадрид | 29 милиони |
|---|