Halil İbrahim Avşar
19 Септември 2021•Ажурирај: 20 Септември 2021
АНКАРА (АА) - Фудбалскиот сојуз на Турција (ТФФ) објави дека Штефан Кунц е назначен за нов селектор на „А“ репрезентацијата на Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Сојузот се вели дека постигнале договор со германскиот стручњак.
„Управниот одбор на Фудбалскиот сојуз на Турција се договори со Штефан Кунц во врска со преземањето на „А“ репрезентацијата“, се наведува.
Церемонијата на потпишување на договорот ќе се одржи утре во спортскиот комплекс на фудбалската репрезентација на Турција.
По поразот од Холандија со резултат 1:6 во групата „Г“ од квалификациите за Светското првенство 2022, претходниот селектор Шенол Гунеш спогодбено го напушти кормилото на турската репрезентација.
Штефан Кунц, пред да ја преземе селекцијата на Турција, беше селектор на репрезентацијата на Германија за млади до 21 година.
Во кариерата беше тренер на Борусија Нојнкирхен, Карлсруер, Валдоф Манхајм, ЛР Ахлен и селекциите на Германија У-21 и У-23.