Bedrudin Brlyavac
23 Ноември 2019•Ажурирај: 24 Ноември 2019
МАДРИД (АА) - Фудбалерот на Барселона, Лионел Меси, изјави дека му било многу тешко кога пристигнал во каталонскиот тим, бидејќи имал само 13 години, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Аргентинецот говореше за тој период на адаптација во Барса пред промоцијата на документарниот филм „Да се стане Лео Меси“.
„Ми беше навистина тешко кога како дете почнав да играм во Барселона, но од самиот почеток бев свесен дека сакам да останам во тој голем клуб. Дојдов првпат во Барселона на проба, бев тука 15 дена, а потоа се вратив во Аргентина. По неколку месеци ме поканија да дојдам пак. Ме вратија и ми овозможија да започнам да го сонувам својот сон во Барселона“, раскажа Меси пред новинарите.
Тој додаде дека во тој период не сфатил најдобро дека играњето во Шпанија ќе биде голема промена.
„Бев момче и само сакав да играм фудбал. Не бев свесен колку е тешко да се преселам на друг континент, за мене и за моето семејство. Во почетокот беше навистина тешко. Не играв многу, а за еден играч тоа е некако најтешко. Покрај тие проблеми, стигнаа и некои повреди“, раскажа 32-годишниот Меси.
Напомена дека сепак, и покрај сите предизвици, никогаш не размислувал да се откаже и да се врати во Аргентина.
Меси во 2003 година пристигна во Барселона, а веќе од наредната година играше и за првиот тим на каталонскиот клуб.